ЗА РАМНОМЕРЕН МАТ ИЗГЛЕД И ИЗЕДНАЧЕН ТЕН
Основната карактеристика на комбинираната кожа е истовремено постоење на масни и суви зони на кожата на лицето. Челото, носот и брадата (Т-зона) се карактеризираат со масна кожа со проширени пори, додека образите се суви со фини пори. Масните делови имаат склоност кон создавање на акни и митесери.
LOGONA матирачка и балансирана нега која го хармонизира и регулира балансот на мастите и хидратацијата на кожата. Сјајните делови на кожата стануваат матирани а органскиот хамамелис ги прочистува порите и помага да се обнови природната рамнотежа на кожата. Со високо квалитетни активни соединенија, кои го регулираат излачувањето на себум, го спречуваат навлегувањето на нечистотиите во областите со масна кожа и ја прават кожата префинета и балансирана. Исто така и даваат на Вашата кожа интензивна влажност - од суштинско значење за блескав тен.