Органско нане - ефикасно за млада и масна кожа
Хормонските промени кои го следат пубертетот на младешката кожа предизвикуваат зголемено лачење на себум (маснотија на кожата), при што кожата е посебно наклонета кон создавање на акни и мозолчиња. Вообичаено, проширените пори стануваат затворени, со што се спречува нормалниот тек на себумот и другите производи на метаболизмот на површината на кожата. Дополнителните бактериски инфекции доведуваат до создавање на воспалени процеси.
LOGONA производите за масна и проблематична кожа содржат органско нане и природна салицилна киселина од кора на врба. Делуваат антибактериски, а со редовна употреба се спречува појавата на создавање на нови мозолчиња (акни) и лузни (цикатрикси). Го регулираат маслено - водениот баланс. Производите особено се погодни за нега на кожата за време на пубертетот и за оштетена кожа кај возрасните.