ЛОГОНА колекција за бебиња – за нежна и чуствителна кожа
Нежната кожа на вашето бебе е исклучително тенка и содржи многу малку заштитна маст. Просечно кожата на бебињата е пет пати потенка од кожата на возрасните. Заштитните функции на епидермот и киселиот површински слој почнуваат да се развиваат дури од четвртата година. Затоа кожата на вашето бебе е многу чувствителна и брзо реагира на надворешните временски услови, особено на промена на температурата, како и на несоодветното негување на кожата. Логона колекцијата за бебиња е произведена од вниматено одбрани природни органски состојки кои ја хранат и штитат чувствителната бебешка кожа.
Скапоцените екстракти од органски невен и органска камилица ја смируваат кожата, делуваат против воспаление и иритација на кожата, го намалуваат црвенилото, го спречуваат лупењето на кожата, ја регенерираат кожата, помагаат за побрзо заздравување на раните и во уништувањето на широк дијапазон на бактерии, вируси и габи. Богатите растителни масла од органски бадем, јојоба и маслинка ја хидрираат, измазнуваат и хранат кожата.
За нега, заштита и чистење на бебешката кожа, коса и пеленска регија. За ЗДРАВЈЕ на вашето бебе!