Почетните студии покажаа дека една третина од жените со симптоми на вагинални чешања и болки или непријатен вагинален исцедок може да искусат симптоми на вулвален дерматит или интимна иритација. Понатамошното истражување покажа дека 75% од гинеколозите во Велика Британија веруваат дека конвенционалната хигиенска заштита може да биде причина за интимна иритација.
Студијата беше спроведена меѓу 40 британски гинеколози со понатамошно истражување спроведено и од нивните канадски колеги.
Податоците покажаа дека 26% од гинеколози кои учествуваа во студијата забележале значително зголемување на симптомите на пациентите кои страдаат од интимна иритација во времето на нивниот менструален циклус, јасно имплицирајќи ја хигиенската заштита како фактор предизвикувач на нивните симптоми.
Покрај тоа, речиси 4 од 5 испитувани гинеколози увиделе дека пациентите кои страдаат од интимна иритација се чувствителни на синтетички ткаенини, хигиенски производи и на прибор за лична хигиена, а 50% од нив препорачуваат употреба на природна хигиенска заштита без хемикалии, која ќе помогне во ублажување на симптомите.
Приказната е иста и во Северна Америка., со 67% од гинеколозите кои им препорачуваат на пациентите да се префрлат на природна хигиенска заштита за да се ублажат нивните симптоми.
Г-дин „David Nunns“, консултант гинеколог во Градската болница во Нотингам вели: „Иритацијата е многу често прашање меѓу жените во Велика Британија и многу често погрешно се толкува како кандидијаза. Оваа студија покажала дека експерти гинеколози од целиот свет знаат дека хигиенската заштита може да биде предизвикувач во поттикнувањето на вулвална иритација и препорачувааат да се премине на природна заштита без химикалии за да се ублажат симптомите кои се проблем на многу жени.“
Повеќето комерцијални брендови на хигиенски влошки, секојдневни хигиенски влошки и тампони содржат многу синтетички материјали што многу жени не се свесни за тоа. На пример, во санитарните влошки се очекува да се најде памук, но она што се користи за да ги произведат често е комбинација од материјал базирани на пластика од нафтени деривати, како што се полиетилен, полипропилен, полиакрилатен супер апсорбентен гел, сурфактанти и дрвна пулпа белена со хлор како и повремено мириси и конзерванси со парабени.
Тампони најчесто се изработени од високо апсорбентен рајон или комбинација на конвенционално одгледуван памук и рајон и се белени со хлор. Некои брендови, исто така, врвката за повлекување ја бојат во розова или сина боја, користејки тешки метални бои, создавајќи дополнителен проблем за жените алергични на метали, како што е зголемената алергија на никел. Загриженоста од процесот на белење со хлор кој се користи во произведството е несаканиот нус производ наречен диоксин, кој се поврзува со појавата на рак, ендометриоза, намалување на бројноста на сперматозоидите и намален имунитет.
* студиите се спонзорирани од Natracare