ИМУНО бимби сирупот е додаток на исхраната со витамини и минерали кој ја дополнува исхраната во случај на намалена исхрана или зголемени потреби за исхрана. ИМУНО, исто така, содржи растителни екстракти и концентриран сок од јаболко. По својот квалитет, атрактивност и леснотија на користење особено е погоден за деца.
-
За подобрување на имунитетот
-
За време на вирусни и бактериски инфекции (настинки, бронхитис, пневмонија)
-
Чести респираторни инфекции
-
За време на епидемии на грип
-
Атопични состојби (дерматитис, ринитис, астма)
-
Херпес инфекции
-
Превентивно
-
Без вештачки бои, ароми, засладувачи
-
Без глутен
-
Без алкохол
-
GMO free
-
Ресорптивна форма
-
Високо прочистени стандардизирани екстракти
-
Современа сложена формулација
Состав:
Деминерализирана вода, фруктоза, концентриран сок од јаболко, сув екстракт од овошје на шипинка (Rosa canina, малтодекстрин), сув екстракт од корен на козинец (Astragalus membranaceus, малтодекстрин), цинк глуконат, сув екстракт од корен на сибирски женшен (Eleutherococcus senticosus, малтодекстрин) конзерванс: калиум сорбат (E202); Витамин Е (дл-алфа-токоферил ацетат, хидролизиран желатин), бакарен глуконат, витамин Б6 хидрохлорид, регулатор на киселост: лимонска киселина.
Употреба:
За деца и бебиња од 6 месеци
- деца од 6 месеци до 3 година: 2 пати на ден по 5 ml (кафенa лажица),
- деца од 3 до 11 години: 1 пати на ден по 15 ml (супена лажица),
- деца постари од 11 години: 2 пати на ден по 15 ml (супена лажица),
по можност пред јадење. Ако сакате, може да се разредува со вода или други течности (чај, млеко, чај од камилица, овошен сок, итн). Пред употреба да се протресе!
Да се користи 3 месеци без пауза, 3 пати годишно
Важно:
Производот е одобрен од Агенцијата за Храна и Ветеринарство и категоризиран од Бирото за Лекови и Институтот за Фармакологија како додаток во исхраната.
Предупредувања:
Овој производ е додаток на исхрана и не треба да се употребува како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Препорачаната дневна доза да не се надминува. ДА СЕ ЧУВА НАДВОР ОД ДОФАТ НА ДЕЦА. Лица кои се осетливи на некои од состојките не би требало да го употребуваат овој производ.